contact@opremagrading.com
Одберете јазик: MK EN

ОПРЕМА ГРАДИНГ - За Нашата Компанија

Компанијата ОПРЕМА ГРАДИНГ ДОО – Скопје е формирана 2002 година. На самите почетоци поголем акцент е ставен на трговијата со градежни материјали за постепено да дојде до тоа што е денес – изведувач на градежни и занатски работи.

Квалитетот во работата, навремената испорака и точноста во дадените рокови за брзо време ОПРЕМА ГРАДИНГ ја направи една од најконкуретните компании во својот сектор. Како релативно млада и мала компанија успешно и храбро настапувавме на големи проекти каде многу поголеми и пореномирани компании не би ризикувале да влезат. Вербата во искрениот и домаќински пристап према инвеститорите не донесоа да соработуваме највеќе со големи странски инвеститори и домашни исто така, од кои имаме добиено многубројни препораки и пофалници.

Наша примарна дејност се браварските и лимарските работи за што сме и комплетно опремени во нашата работилница со алати и машини. Со долгогодишното работење во градежништвото стекнавме голем број на бизнис партнери со кои имаме цврста соработка и успешно изработени објекти од други области од градежно-занатските работи. Како компанија имаме изведено комплетни објекти како хали и работилници така и куќи и згради до клуч на рака.

Вработените кај нас се како семејство и тоа дава голема предност во хармоничното работење внатре во компанијата. Како потврда за тоа битно е да се напомене дека ги поседуваме сертификатите ISO 9001:2008, ISO 14001:2004, OHSAS 18001:2007 а исто така ја имаме и Б лиценцата за Изведба на градежни работи.

Сето ова претходно изложено ни дава за право да кажеме дека ОПРЕМА ГРАДИНГ е гаранција за квалитет за изведба на сите типови градежни и градежно-занатски работи и обезбедување на високо ниво на задоволство кај корисниците водејќи сметка за заштита на животната средина.



OHSAS 18001:2007

Management system as per OHSAS 18001:2007 Certificate issued by TUV Austria.

EN ISO 9001:2008

Management system as per EN ISO 9001:2008 Certificate issued by TUV Austria.

EN ISO 14001:2004

Management system as per EN ISO 14001:2004 Certificate issued by TUV Austria.

Политика на Фирмата
За подобро да ги запознаете нашите принципи за работа, погледнете ја нашата декларација за политика на фирмата за квалитет, околина и безбедност при работа.

Овластување за изведба - Машинство
Нашата компанија има овластување инженер за изведба од МАШИНСТВО, на име на Стефан Нечевски.

Овластување за изведба - Архитектура
Нашата компанија има овластување инженер за изведба од АРХИТЕКТУРА, на име на Светлана Цветановска.

Б-Лиценца за изведба
Нашата компанија има Б-лиценца за изведба на објекти.